Тест за 2 тема по хемија за 8 одд
  • 1. Приготвена е смеса од две течности кои меѓу себе не се мешаат. За да се одделат течностите од смесата треба да се употреби:
A) стаклена инка
B) филтер
C) сепарациона инка
  • 2. Доколку треба да се одделат кристали од јод и натриум хлорид од нивна смеса, тогаш ќе се примени:
A) кристализација
B) сублимација
C) дестилација
  • 3. За разделување на компонентите од раствор врз база на разликите во нивните температури на вриење се применува:
A) дестилација
B) филтрација
C) сублимација
  • 4. Својствата на супстанците се делат на:
A) биолошки и физички;
B) хемиски и биолошки.
C) хемиски и физички;
  • 5. Способноста на бензинот да гори спаѓа во:
A) физички својства;
B) хемиски својства;
C) биолошки својства
  • 6. Супстанците можат да бидат:
A) смешани и несмешани.
B) смеси и чисти;
C) смеси и смешани;
  • 7. Кои од наведените процеси се физички, а кои се хемиски? 1. топење на восок при добивање на свеќи; 2. пржење јајца; 3. сушење на влажна коса; 4. киселење на млеко.
A) физички: 1 и 3, а хемиски 2 и 4;
B) физички: 2 и 3, а хемиски 1 и 4;
C) физички: 1 и 4, а хемиски 2 и 3.
  • 8. На разликите во кое физичко својство се базира одвојување на супстанците од смеса со дестилација?
A) кондензација
B) температура на вриење
C) испарливост
  • 9. Кои од наведените супстанци се чисти супстанци, а кои смеси? 1.бензин; 2. графит; 3. сребро; 4. вино; 5. сулфур.
A) чисти супстанци: 2, 3, 4, 5, а смеси:1;
B) чисти супстанци: 2, 3, 4, а смеси 1 и 5.
C) чисти супстанци: 2, 3, 5, а смеси 1 и 4.
  • 10. Раствори се:
A) смеси;
B) чисти супстанци
C) течности
  • 11. Според количеството растворена супстанца, растворот може да биде:
A) заситен
B) солен;
C) течен
  • 12. Раствор со мало количество на растворена супстанца го нарекуваме:
A) заситен раствор
B) разреден раствор;
C) концентриран раствор;
  • 13. Препознај кој од овие не е чиста супстанца?
A) сребро
B) хартија
C) сулфур
  • 14. Направи разлика помеѓу хомогена и хетерогена смеса.
A) Хомогена смеса е смеса во која не се гледаат супстанците од кои е составена, а во хетерогена исто така не се гледаат супстанците од кои е составена
B) Хомогена не е смеса, хетерогена е смеса во која се гледаат супстанците од кои е составена
C) Хомогена смеса е смеса во која не се гледаат супстанците од кои е составена, а хетерогена е смеса во која се гледаат супстанците од кои е составена
  • 15. Препознај ја хомогената смеса.
A) Креда и вода
B) Масло и вода
C) Шеќер и сол
  • 16. Препознај што е сублимација.
A) Преминување на една супстанца од цврста во гасна и обратно без да премине во течна
B) Одлевање
C) Загревање, течноста поминува во водена пареа, потоа со ладење повторно во течна
  • 17. Разликата меѓу декантација или филтрација е :
A) Декантација е нецелосно одделување а филтрација е целосно одделување на една супстанција
B) Декантацијата е целосно одделување а филтрација е нецелосно одделување
C) При декантацијата супстанцата што останува се вика талог,а во филтрацијата тоа што останува се вика дестилат
  • 18. Незаситениот раствор уште е познат како:
A) разреден
B) преконцентриран
C) концентриран
  • 19. Посочи што е супстанца:
A) белег по кој се препознаваат физичките тела
B) вид на материја од која се изградени физичките тела
C) белег по кој не може да се докаже дека постои хемиска промена
  • 20. Откриј што е декантација:
A) постапка за одделување на компонентите од хетерогена смеса
B) раздвојување на цврстата супстанција од течноста во хетерогена смеса
C) компонентите од раствор врз база на разликите во нивните температури на вриење
  • 21. Секој раствор е составен од:
A) раствор и растворлива супстанца
B) растворувач и растворлива супстанца
C) растворувач
  • 22. Која е физичката постапка на одделување на тврдите растворливи супстанци од течноста(растворот) во вид на кристали?
A) Сублимација
B) Дестализација
C) Кристализација
  • 23. Течноста која поминува низ порите на филтерот се вика:
A) филтри
B) талог
C) филтрат
  • 24. Хемиски промени уште се нарекуваат:
A) Хемиски реакции
B) Хемиски својства
C) Физички својства
  • 25. Заситен раствор е составен од:
A) Исто количество на растворувач и растворлива супстанца
B) Повеке растворувач отколку растворлива супстанца
C) Повеке растворлива супстанца отколку растворувач
  • 26. Декантацијата се базира на...
A) разлика на големините на честичките
B) разликите во густината
C) разликите во компонентините температури на вриење
  • 27. Каква постапка е фракциона дестилација?
A) Не е постапка.
B) Физичка постапка.
C) Хемиска постапка.
Students who took this test also took :

Created with That Quiz — where test making and test taking are made easy for math and other subject areas.