Тест за 2 тема по хемија за 8 одд
  • 1. Приготвена е смеса од две течности кои меѓу себе не се мешаат. За да се одделат течностите од смесата треба да се употреби:
A) филтер
B) стаклена инка
C) сепарациона инка
  • 2. Доколку треба да се одделат кристали од јод и натриум хлорид од нивна смеса, тогаш ќе се примени:
A) сублимација
B) кристализација
C) дестилација
  • 3. За разделување на компонентите од раствор врз база на разликите во нивните температури на вриење се применува:
A) дестилација
B) филтрација
C) сублимација
  • 4. Својствата на супстанците се делат на:
A) биолошки и физички;
B) хемиски и биолошки.
C) хемиски и физички;
  • 5. Способноста на бензинот да гори спаѓа во:
A) хемиски својства;
B) физички својства;
C) биолошки својства
  • 6. Супстанците можат да бидат:
A) смешани и несмешани.
B) смеси и чисти;
C) смеси и смешани;
  • 7. Кои од наведените процеси се физички, а кои се хемиски? 1. топење на восок при добивање на свеќи; 2. пржење јајца; 3. сушење на влажна коса; 4. киселење на млеко.
A) физички: 1 и 4, а хемиски 2 и 3.
B) физички: 1 и 3, а хемиски 2 и 4;
C) физички: 2 и 3, а хемиски 1 и 4;
  • 8. На разликите во кое физичко својство се базира одвојување на супстанците од смеса со дестилација?
A) испарливост
B) кондензација
C) температура на вриење
  • 9. Кои од наведените супстанци се чисти супстанци, а кои смеси? 1.бензин; 2. графит; 3. сребро; 4. вино; 5. сулфур.
A) чисти супстанци: 2, 3, 5, а смеси 1 и 4.
B) чисти супстанци: 2, 3, 4, 5, а смеси:1;
C) чисти супстанци: 2, 3, 4, а смеси 1 и 5.
  • 10. Раствори се:
A) течности
B) смеси;
C) чисти супстанци
  • 11. Според количеството растворена супстанца, растворот може да биде:
A) заситен
B) течен
C) солен;
  • 12. Раствор со мало количество на растворена супстанца го нарекуваме:
A) заситен раствор
B) концентриран раствор;
C) разреден раствор;
  • 13. Препознај кој од овие не е чиста супстанца?
A) сулфур
B) хартија
C) сребро
  • 14. Направи разлика помеѓу хомогена и хетерогена смеса.
A) Хомогена не е смеса, хетерогена е смеса во која се гледаат супстанците од кои е составена
B) Хомогена смеса е смеса во која не се гледаат супстанците од кои е составена, а во хетерогена исто така не се гледаат супстанците од кои е составена
C) Хомогена смеса е смеса во која не се гледаат супстанците од кои е составена, а хетерогена е смеса во која се гледаат супстанците од кои е составена
  • 15. Препознај ја хомогената смеса.
A) Масло и вода
B) Шеќер и сол
C) Креда и вода
  • 16. Препознај што е сублимација.
A) Преминување на една супстанца од цврста во гасна и обратно без да премине во течна
B) Одлевање
C) Загревање, течноста поминува во водена пареа, потоа со ладење повторно во течна
  • 17. Разликата меѓу декантација или филтрација е :
A) Декантацијата е целосно одделување а филтрација е нецелосно одделување
B) Декантација е нецелосно одделување а филтрација е целосно одделување на една супстанција
C) При декантацијата супстанцата што останува се вика талог,а во филтрацијата тоа што останува се вика дестилат
  • 18. Незаситениот раствор уште е познат како:
A) концентриран
B) разреден
C) преконцентриран
  • 19. Посочи што е супстанца:
A) белег по кој се препознаваат физичките тела
B) вид на материја од која се изградени физичките тела
C) белег по кој не може да се докаже дека постои хемиска промена
  • 20. Откриј што е декантација:
A) постапка за одделување на компонентите од хетерогена смеса
B) раздвојување на цврстата супстанција од течноста во хетерогена смеса
C) компонентите од раствор врз база на разликите во нивните температури на вриење
  • 21. Секој раствор е составен од:
A) растворувач и растворлива супстанца
B) растворувач
C) раствор и растворлива супстанца
  • 22. Која е физичката постапка на одделување на тврдите растворливи супстанци од течноста(растворот) во вид на кристали?
A) Дестализација
B) Кристализација
C) Сублимација
  • 23. Течноста која поминува низ порите на филтерот се вика:
A) талог
B) филтри
C) филтрат
  • 24. Хемиски промени уште се нарекуваат:
A) Физички својства
B) Хемиски реакции
C) Хемиски својства
  • 25. Заситен раствор е составен од:
A) Повеке растворувач отколку растворлива супстанца
B) Повеке растворлива супстанца отколку растворувач
C) Исто количество на растворувач и растворлива супстанца
  • 26. Декантацијата се базира на...
A) разлика на големините на честичките
B) разликите во компонентините температури на вриење
C) разликите во густината
  • 27. Каква постапка е фракциона дестилација?
A) Физичка постапка.
B) Не е постапка.
C) Хемиска постапка.
Students who took this test also took :

Created with That Quiz — where test making and test taking are made easy for math and other subject areas.