Тест за тема Движење за 9 одд
  • 1. Каква е формата на коскените клетки?
A) разгранета
B) ѕвездеста
C) овална
  • 2. Со помош на што се држат заедно коските во подвижните зглобови?
A) тетиви
B) лигаменти
C) рскавица
  • 3. Која е причината за деформитетот на р`бетниот столб-сколиоза?
A) стареење
B) недостаток на физичка активност
C) неправилно носење терет
  • 4. Ако коската содржи 1/3 осеин и 2/3 калциум, тогаш станува збор за коска кај:
A) млади лица
B) стари лица
  • 5. Искривувањето на ’рбетниот столб нанапред е познато како:
A) кифоза
B) сколиоза
C) лордоза
  • 6. Каква е формата на мускулите околу устата и очите?
A) лентовидни
B) вретеновидни
C) кружни
D) плочести
  • 7. Искривувањето на ’рбетниот столб на страна е познато како:
A) кифоза
B) лордоза
C) сколиоза
  • 8. Кифоза е
A) Искривувањето на ’рбетниот столб назад во вид на грпка
B) Искривувањето на ’рбетниот столб странично
C) Искривувањето на ’рбетниот столб нанапред
  • 9. Ако коската содржи 2/3 осеин и 1/3 калциум, тогаш станува збор за коска кај:
A) стари лица
B) млади лица
  • 10. Во кој дел од човекото тело се наоѓа коската наречена лопатка?
A) рбетен столб
B) раменски појас
C) карличен појас
  • 11. Која врска се прекинува со кинењето на лигамент?
A) мускул-коска
B) мускул -мускул
C) коска-коска
  • 12. Добро е да се потсетиме дека за цврстината на коските, потребно е со храната во организмот да се внесува доволно калциум и витамин кој нашиот организам може да го синтетизира од една група на липиди. За кој витамин станува збор
A) витамин C
B) витамин A
C) витамин D
  • 13. Според формата коските на рацете и нозете се
A) плочести
B) долги коски
C) куси коски
  • 14. Подвижно сврзување на коските е со
A) зглоб
B) рскавица
C) шевови
  • 15. Коските на черепот се поврзани со
A) шевови
B) не се поврзани
C) рскавица
  • 16. Неподвижно сврзување на коските е со
A) рскавица
B) шевови
C) зглобови
  • 17. Кои мускули работат по желба на човекот
A) срцев мускул
B) напречно пругасти мускули
C) мазни мускули
  • 18. Каков е по градба срцевиот мускул
A) издолжени мускулни клетки
B) напречно пругасти разгранети клетки
C) напречно пругасти клетки
  • 19. Клучната коска е дел од
A) карличен појас
B) черепот
C) раменски појас
  • 20. Рбетниот столб кај возрасни лица е составен од
A) 32 прешлени
B) 34 прешлени
C) 26 прешлени
D) 28 прешлени
  • 21. Рахитис е
A) искривување на коските на грбот
B) искривување на коските на нозете
C) искривување на коските на рацете
  • 22. Болеста кога има воспаление на мускулите се вика
A) мијалгија
B) грч
C) атрофија
  • 23. Надворешниот слој на коската се вика
A) покосница
B) сунѓересто коскено ткиво
C) збиено коскено ткиво
Students who took this test also took :

Created with That Quiz — where test making and test taking are made easy for math and other subject areas.