Test po Biologija za 8/9 10-25
  • 1. Во која органела се сместени наследните особини(гени)?
A) Митохондрија
B) Јадро
C) Јадренце
D) Вакуола
  • 2. Клеточната мембрана е селективна (полупропустлива) затоа што :
A) Ги пропушта само потребните материи
B) Ја заштитува клетката и и дава форма
C) Ги пропушта само непотребните материи
D) Ги одбира материите кои ќе влегуваат и излегуваат од клетката
  • 3. Органела со топчеста форма која служи за складирање на резервни материи
A) Вакуола
B) Цитоплазма
C) Митохондрија
D) Јадро
  • 4. Функција на митохондријата е?
A) Да ја снабдува клетката со вода
B) Да ја снабдува клетката со енергија
C) Да ја снабдува клетката со хранливи материи
D) Да ги исфрла непотребните материи од клетката
  • 5. Која од наведениве дефиниции се однесува на орган:
A) Повеќе органи кои градат функционална целина и вршат животен процес
B) Повеќе ткива кои вршат одредена функција
C) Збир на клетки еднакви по форма и големина и вршат иста функција
  • 6. Клетки видливи со голо око се:
A) Јајца на птици и клетки на портокал
B) Крвни клетки
C) Клетките од лушпа на кромид
D) Бактерии
  • 7. Храната и гасовите се пренесуваат до сите клетки преку :
A) Системот за варење на храната
B) Системот за дишење
C) Системот за излачување
D) Системот за крвоток
  • 8. Со мејоза се добиваат:
A) Нервни клетки
B) Мускулни клетки
C) Крвни клетки
D) Полови клетки
  • 9. Основна градбена и функционална единица на сите живи суштества е:
A) Орган
B) Ткиво
C) Систем на органи
D) Клетка
  • 10. Кој сложен шеќер се складира како резервен шеќер во цитоплзмата на животинската клетка?
A) Галактоза
B) Гликоген
C) Глукоза
D) Скроб
  • 11. Постојат 4 основни типа на ткива:
A) Епително, сврзно, мускулно, нервно
B) Крвно, мускулно, коскено и нервно
C) Меко, течно, цврсто, фиброзно
D) Епително , фиброзно, течно, цврсто
  • 12. Класификацијата на организмите направена од Карл Лине преставува
A) Систем на именување според начинот на исхрана
B) Систем на именување според животната средина(копно, воздух, вода)
C) Систем на именување на организмите со три имиња ( фамилија, род и вид)
D) Систем на именување на организмите со две имиња ( род и вид)
  • 13. Што НЕ е точно за праживотните?
A) Се движат со трепки, камшичиња и лажни ножиња
B) Телото им е составено од повеќе клетки
C) Се гледаат под микроскоп во капка барска вода
D) Имаат јадро и некои содржат хлоропласти
  • 14. Најмалата група од многу слични организми е
A) Фамилија
B) Ред
C) Род
D) Вид
  • 15. Која од наведениве карактеристики се однесува на амеба
A) Прикепена за дно во слатки води, околу устата има 6-8 пипала со жарни клетки
B) Топчесто тело со иглички се движи со амбулакрални ножиња, живее во мориња
C) Тело од една клетка, без клеточна мембрана, се движи со лажни ножиња
  • 16. Афтотрофно и хетеротрофно се исхранува
A) Алга
B) Парамециум
C) Еуглена
D) Амеба
  • 17. Безрбетници без ткива и органи се
A) Мекотели
B) Иглокожи
C) Сунѓери
D) Копривкари
  • 18. Свинската и говедската тенија спаѓаат во
A) Плочести-паразитски црви
B) Плочести црви
C) Морски црви
D) Цевчести црви
  • 19. Октопод, лигња и сепија спаѓаат во:
A) Иглокожи
B) Членконоги
C) Главоноги
D) Многуноги
  • 20. Медузата спаѓа во:
A) Копривкари
B) Црви
C) Сунѓери
D) Иглокожи
  • 21. Мојот другар Ѕвонко ова лето беше на море.Ми раскажа дека на дното на морето забележал мало црно боцкаво топче а додека пливал го допрело некое животно кое му оставило црвенило на кожата.Да му помогнеме на Ѕвонко и да му кажеме кои морски животни ги видел во морет?
A) Ѕвонко на морското дно видел школка а на кожата го допрела алга
B) Ѕвонко на морското дно видел корал а на кожата го допрела морска трева
C) Ѕвонко на морското дно видел морски еж а на кожата го допрела медуза
  • 22. Мојата помала сестра Мила има маче по име Фифи.Таа Фифи ја чува одкако се родила еве веќе две години.Еден ден Мила ме праша како расте мачето,како од мало маче порасна во голема мачка.Ајде да ми помогнете да и одговориме на Мила:
A) Мачето расте затоа што јаде специјална храна за мачки
B) Мачето расте затоа што сите негови телесни клетки се делат со проста делба митоза ( од 1 клетка настануваат 2 клетки)
C) Мачето расте затоа што сите негови телесни клетки се делат со сложена делба мејоза ( од 1 клетка настануваат 4 клетки)
D) Мачето расте затоа што пие многу млеко
  • 23. Органелата вакуола ја имаво клетките на:
A) И двата понудени одговори се точни
B) Растенијата
C) Едноклеточните животни
Created with That Quiz — the site for test creation and grading in math and other subjects.