9 odd Test po biologija 2 tema 2/1
  • 1. Машката полова гамета кај цветот сместена е во:
A) Поленово зрно
B) Сперматозоид
C) Семенов зачеток
  • 2. Женската полова гамета кај цветот сместена е во:
A) Поленово зрно
B) Семето
C) Семенов зачеток
  • 3. Женски полов орган во цветот е?
A) Плодникот
B) Толчникот
C) Устенцето
  • 4. Машки полов орган во цветот е?
A) Прашникот
B) Прашниковата ќеса
C) Прашниковиот конец
  • 5. Која е функцијата на котиледоните во семката?
A) Во нив има резервна храна со која се храни никулецот
B) Тие ја даваат формата на семката
C) Тие ја впиваат водата и минералните материи од почвата
  • 6. Надворешната обвивка на поленовото зрно се нарекува
A) Семена обвивка
B) Егзина
C) Интина
  • 7. Поленовата цевка е значајна во процесот на:
A) Оплодување
B) Расејување
C) Опрашување
  • 8. Кога поленовото зрно ќе падне на лепливото устенце од толчникот се случил процесот на :
A) Опрашување
B) Оплодување
C) Расејување
  • 9. Што се рассејува?
A) Поленовите зрна
B) Прашниците
C) Семките
  • 10. Од кој дел од цветот настанува плодот?
A) Семеновиот зачеток
B) Плодницата
C) Нектарните жлезди
  • 11. Од оплодената јајце клетка настанува?
A) Цвет
B) Семка
C) Никулец(ембрион)
  • 12. Кога поленовите зрна од еден цвет ќе паднат на устенцето на друг цвет од истиот вид тогаш настанало:
A) Вкрстено опрашување
B) Самоопрашување
C) Оплодувања
  • 13. Каква површина најчесто имаат поленовите зрна кои се опрашуваат со помош на инсекти?
A) Површина со боцки
B) Сјајна површина
C) Мазна површина
Created with That Quiz — a math test site for students of all grade levels.