Test 28.11.2013 4
  • 1. Кожата кај некои животни создава кожни творби и служи за:
A) Сите наведени одговори се точни
B) Заштита од убод, удар
C) Заштита од влага и суша, светлина
D) Заштита од висока и ниска температура
  • 2. Што забележуваме во надворешната покривка на хидра и медуза
A) Кутикула
B) Жарни клетки
C) Амебовидни клетки
D) Клетки за складирање на храна
  • 3. Горниот слој на епидермисот кај црвите е задебелен и формира слој наречен:
A) Хитин
B) Лигав слој
C) Кутикула
D) Рожест слој
  • 4. Хитинот како кожна творба се среќава кај
A) Водоземци
B) Членконоги
C) Риби
D) Прстенести црви
  • 5. Зошто змиите се преслекуват
A) За да можат да се размножуваат
B) За да можат да дишат
C) За да можат да растат
D) За да опстанат во средината
  • 6. Кожата кај рбетниците е изградена од
A) Кутикула и вистинска кожа(дерма)
B) Епидермис(поткожичка) и масно ткиво
C) Епидермис(поткожичка) и вистинска кожа(дерма)
D) Епидремис(поткожичка) и потни и лојни жлезди
  • 7. Кај кои рбетници кожата со жлезди лачи лигава материја и создава варовнички стргунки
A) Водоземци
B) Птици
C) Влечуги
D) Риби
  • 8. Зошто жабите се кријат напладне кога е топло
A) За да соберат енергија за движење
B) За да преспијат
C) За да не им се исуши кожата преку која дишат
  • 9. Која од наведените органели не е кожна творба
A) Нокти
B) Пипала
C) Папци
D) Рогови
  • 10. Која е функцијата на пердувите кај птиците и крзното кај цицачите
A) Координирање на движењето
B) Одржување на постојана температура на телото
C) Лачење на масни материи
  • 11. Ноктите и канџите се карактеристични за
A) Водоземци
B) Ѕверови
C) Папкари
D) Копитари
  • 12. Копитата како рожни творби се среќаваат кај
A) Магаре и коњ
B) Крава и свиња
C) Овца и коза
D) Срна и елен
  • 13. Надворешна покривка кај цицачите е
A) Мрсна кожа обрасната со влакна
B) Кожа со жлезди обрасната со влакна
C) Сува кожа обрасната со влакна
D) Лигава кожа обрасната со влакна
  • 14. Рожни творби на птиците се
A) клун, папци, нокти
B) Канџи, копита
C) Перја, рожни лушпи,канџи и клун
D) Рожнати лушпи, пердуви, рожнати плочки
  • 15. Спореди и одреди ја кожата на влечуги
A) Влажна, лигава и набрчкана кожа
B) Сува кожа, без кожни жлезди со рожни сргунки(лушпи)
C) Влажна, лигава кожа со варовникови стргунки
D) Цврста, еластична и дебела кожа со влакна
  • 16. Преставник од цицачите кој што лета е
A) Гуска
B) Лилјакот
C) Гулаб
D) Пчела
  • 17. Морските желки и пингвини се приспособиле за пливање во вода со помош на
A) Градна коска и градни мускули
B) Непарни перки кои служат како кормило
C) Нозе и крилја кои се преобразени во перки
D) Мускули кои се поставени во сите правци
  • 18. Лесното пливање на рибите во сите слоеви на водата е затоа што телото е
A) Аеродинамично
B) Хидродинамично
C) Специфично
  • 19. Кој од коприварките слободно плива
A) Медуза
B) Корал
C) Хидра
  • 20. Одреди ги органите и начинот на движење на дождовен црв
A) Ползење со помош на амбулакрални ножиња
B) Пливање со помош на собирање и издолжување на мускулите
C) Ползење со помош на мускулно стопало
  • 21. При летањето, птиците се извишуваат и спуштаат на приземје со помош на
A) Воздушните кеси на белите дробови
B) Градната коска ( кобилица )
C) Опашната коска
  • 22. Ако се тркаат сокол, ној и гепарт, кој ќе биде прв?
A) Сите ќе стасаат приближно заедно
B) Гепард
C) Соколот
D) Нојот
  • 23. Што и помага на жабата да скока ?
A) Тоа што има пневматични коски
B) Тоа што има воздушен меур во пределот на вратот
C) Тоа што задните нозе и се многу поголеми од предните нозе
  • 24. Во потоците со помош на трепки слободно плива црвот
A) Планарија
B) Тенија
C) Глиста
D) Дождовен црв
  • 25. Ползењето со мускулно стапало е начин на движење кај
A) Полжавот
B) Змијата
C) Водоземците
D) Желката
Created with That Quiz — the site for test creation and grading in math and other subjects.