ThatQuiz Test Library Take this test now
Test po Biologija za 8/9 10-25
Contributed by: Naskovska
  • 1. Во која органела се сместени наследните особини(гени)?
A) Јадренце
B) Јадро
C) Митохондрија
D) Вакуола
  • 2. Клеточната мембрана е селективна (полупропустлива) затоа што :
A) Ја заштитува клетката и и дава форма
B) Ги пропушта само потребните материи
C) Ги одбира материите кои ќе влегуваат и излегуваат од клетката
D) Ги пропушта само непотребните материи
  • 3. Органела со топчеста форма која служи за складирање на резервни материи
A) Вакуола
B) Јадро
C) Митохондрија
D) Цитоплазма
  • 4. Функција на митохондријата е?
A) Да ја снабдува клетката со хранливи материи
B) Да ја снабдува клетката со енергија
C) Да ја снабдува клетката со вода
D) Да ги исфрла непотребните материи од клетката
  • 5. Која од наведениве дефиниции се однесува на орган:
A) Повеќе органи кои градат функционална целина и вршат животен процес
B) Збир на клетки еднакви по форма и големина и вршат иста функција
C) Повеќе ткива кои вршат одредена функција
  • 6. Клетки видливи со голо око се:
A) Крвни клетки
B) Клетките од лушпа на кромид
C) Јајца на птици и клетки на портокал
D) Бактерии
  • 7. Храната и гасовите се пренесуваат до сите клетки преку :
A) Системот за крвоток
B) Системот за варење на храната
C) Системот за дишење
D) Системот за излачување
  • 8. Со мејоза се добиваат:
A) Полови клетки
B) Нервни клетки
C) Крвни клетки
D) Мускулни клетки
  • 9. Основна градбена и функционална единица на сите живи суштества е:
A) Ткиво
B) Клетка
C) Орган
D) Систем на органи
  • 10. Кој сложен шеќер се складира како резервен шеќер во цитоплзмата на животинската клетка?
A) Гликоген
B) Скроб
C) Галактоза
D) Глукоза
  • 11. Постојат 4 основни типа на ткива:
A) Крвно, мускулно, коскено и нервно
B) Епително, сврзно, мускулно, нервно
C) Меко, течно, цврсто, фиброзно
D) Епително , фиброзно, течно, цврсто
  • 12. Класификацијата на организмите направена од Карл Лине преставува
A) Систем на именување на организмите со две имиња ( род и вид)
B) Систем на именување на организмите со три имиња ( фамилија, род и вид)
C) Систем на именување според начинот на исхрана
D) Систем на именување според животната средина(копно, воздух, вода)
  • 13. Што НЕ е точно за праживотните?
A) Имаат јадро и некои содржат хлоропласти
B) Телото им е составено од повеќе клетки
C) Се движат со трепки, камшичиња и лажни ножиња
D) Се гледаат под микроскоп во капка барска вода
  • 14. Најмалата група од многу слични организми е
A) Вид
B) Ред
C) Фамилија
D) Род
  • 15. Која од наведениве карактеристики се однесува на амеба
A) Прикепена за дно во слатки води, околу устата има 6-8 пипала со жарни клетки
B) Тело од една клетка, без клеточна мембрана, се движи со лажни ножиња
C) Топчесто тело со иглички се движи со амбулакрални ножиња, живее во мориња
  • 16. Афтотрофно и хетеротрофно се исхранува
A) Парамециум
B) Амеба
C) Еуглена
D) Алга
  • 17. Безрбетници без ткива и органи се
A) Иглокожи
B) Копривкари
C) Сунѓери
D) Мекотели
  • 18. Свинската и говедската тенија спаѓаат во
A) Цевчести црви
B) Морски црви
C) Плочести црви
D) Плочести-паразитски црви
  • 19. Октопод, лигња и сепија спаѓаат во:
A) Главоноги
B) Членконоги
C) Иглокожи
D) Многуноги
  • 20. Медузата спаѓа во:
A) Сунѓери
B) Копривкари
C) Иглокожи
D) Црви
  • 21. Мојот другар Ѕвонко ова лето беше на море.Ми раскажа дека на дното на морето забележал мало црно боцкаво топче а додека пливал го допрело некое животно кое му оставило црвенило на кожата.Да му помогнеме на Ѕвонко и да му кажеме кои морски животни ги видел во морет?
A) Ѕвонко на морското дно видел школка а на кожата го допрела алга
B) Ѕвонко на морското дно видел морски еж а на кожата го допрела медуза
C) Ѕвонко на морското дно видел корал а на кожата го допрела морска трева
  • 22. Мојата помала сестра Мила има маче по име Фифи.Таа Фифи ја чува одкако се родила еве веќе две години.Еден ден Мила ме праша како расте мачето,како од мало маче порасна во голема мачка.Ајде да ми помогнете да и одговориме на Мила:
A) Мачето расте затоа што пие многу млеко
B) Мачето расте затоа што сите негови телесни клетки се делат со проста делба митоза ( од 1 клетка настануваат 2 клетки)
C) Мачето расте затоа што сите негови телесни клетки се делат со сложена делба мејоза ( од 1 клетка настануваат 4 клетки)
D) Мачето расте затоа што јаде специјална храна за мачки
  • 23. Органелата вакуола ја имаво клетките на:
A) Едноклеточните животни
B) Растенијата
C) И двата понудени одговори се точни
Created with That Quiz — the site for test creation and grading in math and other subjects.