ThatQuiz Test Library Take this test now
Test 28.11.2013 4
Contributed by: Naskovska
  • 1. Кожата кај некои животни создава кожни творби и служи за:
A) Заштита од висока и ниска температура
B) Заштита од убод, удар
C) Сите наведени одговори се точни
D) Заштита од влага и суша, светлина
  • 2. Што забележуваме во надворешната покривка на хидра и медуза
A) Клетки за складирање на храна
B) Амебовидни клетки
C) Жарни клетки
D) Кутикула
  • 3. Горниот слој на епидермисот кај црвите е задебелен и формира слој наречен:
A) Лигав слој
B) Рожест слој
C) Хитин
D) Кутикула
  • 4. Хитинот како кожна творба се среќава кај
A) Риби
B) Прстенести црви
C) Водоземци
D) Членконоги
  • 5. Зошто змиите се преслекуват
A) За да можат да дишат
B) За да опстанат во средината
C) За да можат да се размножуваат
D) За да можат да растат
  • 6. Кожата кај рбетниците е изградена од
A) Епидермис(поткожичка) и вистинска кожа(дерма)
B) Епидермис(поткожичка) и масно ткиво
C) Кутикула и вистинска кожа(дерма)
D) Епидремис(поткожичка) и потни и лојни жлезди
  • 7. Кај кои рбетници кожата со жлезди лачи лигава материја и создава варовнички стргунки
A) Влечуги
B) Риби
C) Водоземци
D) Птици
  • 8. Зошто жабите се кријат напладне кога е топло
A) За да соберат енергија за движење
B) За да преспијат
C) За да не им се исуши кожата преку која дишат
  • 9. Која од наведените органели не е кожна творба
A) Папци
B) Пипала
C) Рогови
D) Нокти
  • 10. Која е функцијата на пердувите кај птиците и крзното кај цицачите
A) Лачење на масни материи
B) Координирање на движењето
C) Одржување на постојана температура на телото
  • 11. Ноктите и канџите се карактеристични за
A) Ѕверови
B) Копитари
C) Водоземци
D) Папкари
  • 12. Копитата како рожни творби се среќаваат кај
A) Крава и свиња
B) Овца и коза
C) Срна и елен
D) Магаре и коњ
  • 13. Надворешна покривка кај цицачите е
A) Мрсна кожа обрасната со влакна
B) Сува кожа обрасната со влакна
C) Лигава кожа обрасната со влакна
D) Кожа со жлезди обрасната со влакна
  • 14. Рожни творби на птиците се
A) Канџи, копита
B) клун, папци, нокти
C) Рожнати лушпи, пердуви, рожнати плочки
D) Перја, рожни лушпи,канџи и клун
  • 15. Спореди и одреди ја кожата на влечуги
A) Влажна, лигава и набрчкана кожа
B) Цврста, еластична и дебела кожа со влакна
C) Влажна, лигава кожа со варовникови стргунки
D) Сува кожа, без кожни жлезди со рожни сргунки(лушпи)
  • 16. Преставник од цицачите кој што лета е
A) Пчела
B) Гулаб
C) Гуска
D) Лилјакот
  • 17. Морските желки и пингвини се приспособиле за пливање во вода со помош на
A) Градна коска и градни мускули
B) Нозе и крилја кои се преобразени во перки
C) Мускули кои се поставени во сите правци
D) Непарни перки кои служат како кормило
  • 18. Лесното пливање на рибите во сите слоеви на водата е затоа што телото е
A) Аеродинамично
B) Хидродинамично
C) Специфично
  • 19. Кој од коприварките слободно плива
A) Корал
B) Медуза
C) Хидра
  • 20. Одреди ги органите и начинот на движење на дождовен црв
A) Ползење со помош на мускулно стопало
B) Ползење со помош на амбулакрални ножиња
C) Пливање со помош на собирање и издолжување на мускулите
  • 21. При летањето, птиците се извишуваат и спуштаат на приземје со помош на
A) Градната коска ( кобилица )
B) Опашната коска
C) Воздушните кеси на белите дробови
  • 22. Ако се тркаат сокол, ној и гепарт, кој ќе биде прв?
A) Соколот
B) Гепард
C) Нојот
D) Сите ќе стасаат приближно заедно
  • 23. Што и помага на жабата да скока ?
A) Тоа што има пневматични коски
B) Тоа што има воздушен меур во пределот на вратот
C) Тоа што задните нозе и се многу поголеми од предните нозе
  • 24. Во потоците со помош на трепки слободно плива црвот
A) Тенија
B) Глиста
C) Дождовен црв
D) Планарија
  • 25. Ползењето со мускулно стапало е начин на движење кај
A) Желката
B) Полжавот
C) Водоземците
D) Змијата
Created with That Quiz — the site for test creation and grading in math and other subjects.